Игор Стојчевски: Се повлекувам од судењето!

259

Игор Стојчевски ја заврши својата судиска кариера. Имено попладнево тој на своите социјални мрежи објави дека нема веќе намера да биде судија. Интересно е тоа дека ова доаѓа по онаа фамозна средба меѓу младите селекции на Македонија и Русија (2:3), на која Стојчевски досуди дури четири пенали, и по кои сите беа шокирани, посебно во фудбалска Русија.

Инаку тој објави дека за оваа негова одлука ги информирал надлежните во Фудбалската федерација на Македонија:
„Ги информирав претседателот на ФФМ и претседателот на судиската организација, како и комесарот за делегирање дека немам намера повеќе да судам. Сакам да бидам со моето семејство во овие тешки фамилијарни времиња и не сакам да дозволам да страдаат моите најблиски со невистини и манипулации што се шират во јавноста од осудувани криминалци“.

ПретходноЗакариќ е спасителот на Вардар (ВИДЕО)
СледноКристал Палас со победа против својот некогашен тренер, Хал до бод кај Евертон