„Хаотично“ реми на Леванте и Севиља

49

Никој не очекуваше дека дефинитивно највозбудливиот меч од ова коло во шпанската Примера ќе се одигра дури вечерва, понеделник, и тоа меѓу екипите на Леванте Севиља.

Мечот заврши 3:3, и истиот може да се опише со еден збор. Хаотичен.

Гостите преку Уре дојдоа во водство во 13. минута, за да Кореира во 54. зголеми на 0:2.

Следуваше домашниот кам бек со головите на Иван Ромеро, односно Дела за 2:2. Исак Ромеро на спротивната страна во петтата минута од судиското продолжение носи водство за Севиља од 2:3, но тука не беше крајот, напротив. Истиот играч доби исклучување во шестата минута од од продолжението, за да во десеттата плус минута, дефанзивецот на Леванте, Ндукве ги постави конечните 3:3 за ерупција од воодушевување на стадионот во Валенсија.

 

ПретходноКовентри му одржа лекција на Њукасл