Томовски е втор најдобар голман во Бундес-лигата!

91
фото: SG BBM Bietigheim (X)

Македонскиот репрезентативен голман Мартин Томовски и оваа сезона продолжува да блеска на голот на Битигхајм, овој пат во едно од најсилните домашни првенства – Бундес-лигата, каде што тешко се стигнува до врвот со оглед на силната конкуренција.

Томовски успеа да се најде меѓу најдобрите, моментално е втор голман во ова натпреварување. На осум натпревари запиша 96 одбрани, со успешност од 26,95%.

Пред македонскиот голман е само Давид Шпет од Рајн-Некар Левен, кој има 103 одбрани на осум средби. Интересно е што и еден од најдобрите голмани во светот, Андреас Волф, се наоѓа зад Томовски на оваа листа.

Неговата одлична форма радува, особено ако се знае дека Македонија наскоро ги почнува квалификациите за Европското првенство во 2028 година, а во јануари ја очекува и настап на Светското првенство.

Претходно„Хаотично“ реми на Леванте и Севиља
СледноХанси Флик брутално одговори на прашање за Реал: Се надевам дека еден ден ќе научиш…