Полувреме: Пелистер има негатива од пет гола

108
Фото: Еурофарм Пелистер

Еурофарм Пелистер го очекува тешка задача во второто полувреме против Гумерсбах, откако на паузата има негатива од пет гола (20-15). Битолчани бркаат пресврт за да стигнат до првата победа во Европската лига и да ги задржат шансите за пласман во следната фаза, но за тоа ќе мораат да одиграат многу подобро во продолжението.

Битолчани отворија со 0-2 со головите на Ристевски и Серафимов, но противникот одговори со серија од 5-1 за водство од 5-3. Од тој момент домашниот тим беше тој што го диктираше темпото, а Пелистер неколку пати успеа да израмни. На стартот од 20. минута, со два гола на празна мрежа, Гумерсбах за првпат поведе со 14-9. Червар во меѓувреме повика тајм-аут, но тоа не промени ништо. Душебаев зголеми на 16-10, а неговиот тим продолжи со серијата и поведе со 17-11.

Битолчани не се откажаа, напротив, влегоа во серија од 4-1 и, предводени од капитенот, намалија на 17-14. Сепак, бундеслигашот добро ја казнуваше играта „седум на шест“ на македонскиот тим, па во последната минута влезе со предност од 19-14. На одморот резултатот е 20-15.

Најголем проблем за Пелистер е поранешниот вардарец Алекс Душебаев, кој постигна шест гола во првото полувреме. Кај македонскиот тим, Кузмановски има пет погодоци.

ПретходноОсогово го назначи Спиро Златков за нов тренер на првиот тим
СледноНов ФИФА скандал: Инфантино за празна канцеларија му плаќа кирија на Трамп во висина од 4 милиони долари?!