Евролига: Обрадовиќ со ПАО го прегази својот Партизан

55
фото: KK Partizan (FB)

Кошаркарите на Панатинаикос го совладаа Партизан со убедливи 72:55 во Белград, во натпревар од петтото коло во Евролигата. Грчкиот тим предводен од Жељко Обрадовиќ одигра одлично второ полувреме и ја замолкна распродадената „Белградска арена“.

Дуелот имаше посебна тежина поради враќањето на Обрадовиќ пред навивачите на Партизан, клубот што го напушти кон крајот на минатата година. Сепак, емоциите останаа во втор план, а неговиот тим покажа дека моментално е во одлична форма.

Со оваа победа, грчкиот гигант го продолжи совршениот старт во Евролигата, додека Партизан ќе мора да ги поправи нападот и реализацијата пред следните предизвици.

Во останатите дуели вечерва постигнати се следните резултати:

  •  Фенербахче – Жалгирис  99-80

  • Асвел – Црвена звезда  82-84

  •  Басконија – Дубаи  79-93

  •  Олимпија Милано – Реал Мадрид  89-98

    •  Барселона – Макаби Тел Авив  90-87

  •  Партизан – Панатинаикос  55-72

  •  Валенсија – Олимпијакос

ПретходноИсак, Гакпо и Собослај го пропуштаат гостувањето кај ЛАСК
СледноЛШ: Викинг го запре Баерн, Тресолди го „тресна“ Интер, Барса убедлива во Истанбул