Еурофарм Пелистер го очекува тешка задача во второто полувреме против Гумерсбах, откако на паузата има негатива од пет гола (20-15). Битолчани бркаат пресврт за да стигнат до првата победа во Европската лига и да ги задржат шансите за пласман во следната фаза, но за тоа ќе мораат да одиграат многу подобро во продолжението.
Битолчани отворија со 0-2 со головите на Ристевски и Серафимов, но противникот одговори со серија од 5-1 за водство од 5-3. Од тој момент домашниот тим беше тој што го диктираше темпото, а Пелистер неколку пати успеа да израмни. На стартот од 20. минута, со два гола на празна мрежа, Гумерсбах за првпат поведе со 14-9. Червар во меѓувреме повика тајм-аут, но тоа не промени ништо. Душебаев зголеми на 16-10, а неговиот тим продолжи со серијата и поведе со 17-11.
Битолчани не се откажаа, напротив, влегоа во серија од 4-1 и, предводени од капитенот, намалија на 17-14. Сепак, бундеслигашот добро ја казнуваше играта „седум на шест“ на македонскиот тим, па во последната минута влезе со предност од 19-14. На одморот резултатот е 20-15.
Најголем проблем за Пелистер е поранешниот вардарец Алекс Душебаев, кој постигна шест гола во првото полувреме. Кај македонскиот тим, Кузмановски има пет погодоци.










