Робев: Добрата енергија и навивачите ни даваат дополнителен мотив!

30

Работнички има две победи на исто толку одиграни натпревари на стартот на Супер-лигата и го дели првото место со актуелниот првак и вечен ривал, МЗТ Скопје.

Поранешниот македонски репрезентативец Дамјан Робев не го крие задоволството од досега оствареното. Тој потенцира дека добрата енергија во тимот е еден од важните фактори за успешниот старт, а дополнителен мотив им даваат и навивачите на „црвено-белите“.

„Добро ја започнуваме сезоната со две победи. Атмосферата во тимот е одлична, имаме добра енергија и се трудиме максимално на секој тренинг. Секој натпревар го сфаќаме сериозно и влегуваме со иста мотивација, без разлика на противникот. Навивачите ни даваат дополнителен мотив и знам дека ќе продолжиме во истиот ритам и на следните натпревари. Посакувам само здравје на сите играчи за да го покажеме нашиот максимум како тим“, порача Робев.

Во следното коло Работнички ќе ги одмери силите со Пелистер.

ПретходноЛШ: Јамал и Барса во пеколот на „Рамс Парк“ во Истанбул, дербито на денот се игра на „Метрополитано“ во Мадрид(ФОТО)
СледноКуманово посилно за Стефан Фундиќ