Рушити ќе се бори за бронзен медал на Светското првенство во карате до 21 година

26
фото: Карате Федерација на Македонија (FB)

Македонскиот каратист Реџеп Рушити обезбеди борба за бронзен медал на Светското првенство во категоријата до 21 година, до 84 килограми, кое се одржува во Биелско-Бјала, Полска.

Рушити го започна настапот со победа од 3:1 над Французинот Бен Фаталах, но во второто коло загуби минимално со 0:1 од египетскиот натпреварувач Осман Амар.

Сепак, македонскиот каратист продолжи преку репасажот, каде што забележа три убедливи победи. Најпрво го совлада Полјакот Виктор Војарски со 9:0, потоа беше подобар од Холанѓанецот Ван дер Вејд со 5:2, а на крајот славеше и против Абдерезак Гори со 4:0.

Со овие резултати, Рушити покажа одличен карактер и доминација во репасажот, со вкупна поен-разлика од 18:2, и си обезбеди можност да се бори за бронзениот медал во недела.

ПретходноВардар не успеа да се реваншира, Висла повторно славеше!
СледноЛШ: Реал со луд пресврт слави во Рим, ПСЖ покажа зошто е европски шампион