Полувреме во Плоцк: „Црни“ 10 минути, Вардар со три гола негатива

0

Вардар 1961 по првите 30 минути од реваншот против Висла Плоцк, во рамките на четвртото коло во Лигата на шампионите, има негатива од 16-13. Избраниците на Иван Чупиќ не издржаа долго, полскиот состав наметна високо темпо, налик Скопје, а црвстата одбрана и овој пат е главното оружје на Висла.

До 11-тата минута македонскиот првак беше рамноправен противник (5-5), по што следеше серија грешки на „црвено-црните“ и налет на Висла за водство од 10-5 на средината на првото полувреме. Налетот на домашниот состав го прекина Љевар, но само накратко. По нова грешка, негативата изнесуваше седум гола (13-6), што беше причина Чупиќ за кратко време повторно да повика тајм-аут. Но, ниту тој не вроди со плод, па Бјере ја зголеми предноста на домашниот тим на 14-6 во 21. минута.

Вардар сепак успеа да се разбуди, со серија од 5-1 дојде на минус четири гола (15-11) на три минути до крајот на првото полувреме. Себате повика тајм-аут, а Бјере реализираше од седум метри (16-11). Висла остана со играч помалку, македонскиот тим одлично го искористи тоа на одморот намали на 16-13.

ПретходноНено во елемент, Арис со трета победа во Еврокупот