Нашиот тим се разбуди доцна. По водството на гостите од 77-90 и серијата грешки, МЗТ Скопје доби шанса за победа. Успеа да израмни на 92-92, но не го искористи следниот напад, па на спротивната страна следеше казна. Последниот збор го имаа токму „сино-белите“, но финишот не беше еднакво успешен за нив.

Гостите ја имаа контролата на резултатот во текот на целиот натпревар. По првата четвртина водеа со 17-24, додека на одморот резултатот беше 39-44. Пред крајот на третата четвртина, МЗТ Скопје имаше негатива од 13 поени (59-72). Најголемата предност на гостите изнесуваше 62-77.
Пред самиот крај, македонскиот тим се обиде да изврши притисок и да се избори за драматична завршница. Во тоа и успеа, принудувајќи ги гостите на серија грешки, а истовремено прикажувајќи игра каква што требаше да негува уште од самиот почеток на натпреварот.
МЗТ Скопје со серија од 15-2 дојде до изедначување на 92-92 на 24 секунди до крајот. Пасоја на спротивната страна постигна тројка за 92-95. По тајм-аутот, Тадиќ не реализираше од линијата за слободни фрлања, а неуспешен беше и обидот за три поени.
Димитрије Николиќ со 22 поени беше прво име во таборот на нашиот шампион, додека кај победникот Кит Палек заврши со 21 поен.










