Денеска од 14 часот на стадионот “Младост“ во Струмица се игра реваншот од 1.квалификациско коло во младинската Лига на Шампионите меѓу Брера и Санта Колома. Ако се знае дека нашиот претставник на првиот меч како гостин славеше со 3:0 во Андора тогаш е јасно е дека се освен уште една победа и ставање “печат“ на пласман во следната фаза ќе биде мега сензација.
Да потсетиме дека во следната фаза младинците ги чека двомеч со Хофенхајм а првиот меч се игра во Струмица, а реваншот во Германија. Но, за тоа потоа.
Денеска е денот во кој треба да се ужива во уште една одлична партија на момците на стратегот Ѓорѓе Стојчев, во уште една победа.
Токму затоа Ѓорге Танчев и Иван Шириќ вчера ги повикаа фановите да дојдат во што потголем број на трибините, да ги бодрат младите струмички фудбалери и на крај заедно да се радуваат на историски пласман во следната фаза. Нешто што досега ниту една наша екипа не го сторила тоа во ова натпреварување.
А играа Шкендија трипати, Вардар, Работнички, Победа, ова на Брера и вторпат.
Уште еднаш, Брера – Санта Колома денеска од 14 часот, севкупниот победник од овој двомеч во следното коло ќе игра со Хофенхајм.










