Гаштаров со асистенција за израмнување во Лугано (ВИДЕО)

120
фото: FK Crvena zvezda (FB)

Македонскиот репрезентативец Матеј Гаштаров запиша асистенција во погодокот за Црвена звезда на гостувањето кај Лугано во денешните дуели од Конференциската лига на УЕФА. Тој со одлична асистенција му овозможи на Тими Елшник да ја затресе мрежата и да донесе израмнување за белградскиот тим (1:1), резултат со кој заврши првото полувреме.

Гаштаров, кој доби доверба од тренерот Алберт Риера и беше во почетниот состав на српскиот шампион, се истакна во 32. минута од натпреварот.

ПретходноДеспотовски: Суперкупот е само почеток, одбраната на шампионската титула е крајна цел
СледноСуперкомпјутерот тврди: Реал и Мурињо завршија пола работа за осминафинале во ЛШ