ГРК Охрид и Алкалоид најголеми фаворити за освојување на ЕХФ Европскиот Куп

1

Македонските преставници во ЕХФ Европскиот куп се меѓу најголемите фаворити за освојување на ова европско натпреварување и оваа сезона. Ракометниот клуб Охрид е прв фаворит според рангирањето што го објави Европската ракометна федерација пред продолжението на натпреварувањето.

Актуелниот освојувач на пехарот се најде на врвот на листата со 64 екипи, пред швајцарскиот Берн и романската Турда. Високо котира и македонскиот претставник Алкалоид, кој е на четвртото место, со што Македонија има два клуба меѓу четирите главни кандидати за европскиот трофеј. Бутел Скопје е на 39. место.

ПретходноЕлмас „тресе“ уште во прва минута за Аталанта! (ВИДЕО)