Евролига: Партизан добро тргна, но Фенер не дозволи изненадување

0
фото: KK Partizan (FB)

Кошаркарите на Партизан претрпеа пораз од Фенербахче со 74:65 во Истанбул, во натпревар од шестото коло во Евролигата. Иако белградскиот тим имаше одличен почеток и водеше на полувремето со 28:25, домаќините направија голем пресврт во третата четвртина.

Шевон Шилдс и Тејлен Хортон-Такер беа меѓу клучните играчи за пресвртот на турскиот тим. Партизан се обиде да се врати во последната четвртина, но немаше сили за целосен пресврт. Дополнителен проблем за тренерот Пењароја беше повредата на центарот Џекири, кој не настапи во второто полувреме.

По овој пораз, Партизан нанижа три порази во серија, по стратните три победи. Фенербахче стигна до биланс од пет победи и еден пораз.

ПретходноГРК Охрид и Алкалоид најголеми фаворити за освојување на ЕХФ Европскиот Куп