Хориха доби зелено светло и ќе го облече дресот на Македонија

45

Денеска на официјална прес-конференција, првиот човек на РФМ, Александар Стефанов потврди дека Дмитро Хориха и официјално доби зелено светло да настапува во дресот на Македонија.

Стефанов најави дека тој ќе биде големо зсилуавње, останува селекторот Кирил Лазаров дали ќе го повика за квалификациите за ЕП 2028 година.

„Официјално, Дмитро Хориха е нов член на македонската национална селекција, нормално доколку селекторот го повика. Знаете дека тој од неодамна има македонски пасош, од пред месец дена доби и официјално признание од ИХФ, таа одлука стапува во сила веднаш и се надевам дека тој ќе ни се приклучи веќе на наредните квалификации. Мислам дека добиваме еден ракометар што ќе даде тежина и голем придонес, тој е во зенитот на својата кариера и се надеваме дека со него ќе добиеме на квалитет и ќе придонесе и тој за подобри резултати во иднина“, истакна претседателот на РФМ, Александар Стефанов.No description available.

Што се однесува до предводникот на нашиот најдобар национален тим, вели дека со неговите игри и она што до сега го покажа, Хориха ќе биде одличен во ротација.

„Доколку и се укаже на Македонија ваква шанса мора да се искористи за да имаме покомпететивен тим. Хориха имаше одлични настапи за нашата држава, еден од глвните лидери за освојување на шампионската титула со Вардар. Има одлична улога во Пик Сегед, настапува како играч во Лигата на шампиони, тој е во добра возраст.Има победнички ментлитет ќе се бори за победа. Дополнително за нијанса ќе бидеме поквалитетни. Знам дека ќе треба време за да се вклопи.Разговарано е со капитенот Кузмановски, кој е известен и кој е свесен дека за добри резултати ни е потребно да имаме што повеќе врвни ракометари во составот, особено на големи натпреварувања каде се игра на секои два дена“.изјави Кирил Лазаров на денешната прес-конференција.

ПретходноШампионот го потврди местото во Првата А лига