Каква човечка величина: Адеми “глумел“ повреда, само за да Петар Сучиќ има поголема минутажа!!!

337
ФОТО: GNK Dinamo Zagreb/FB

Ние знаеме, знаевме! Тоа го знаеја сите барем малку што имаа контакт со него дека е човечка величина. Тоа го знаеја сите во Динамо Загреб, посебно неговите соиграчи и фанови, ама ова што го кажа некогашниот хрватски репрезентативец Дино Периќ за нашиот некогашен репрезентативец Аријан Адеми е само потврда дека Аки е голем, голем човек, без никакви дилеми:
„ Што се однесува до Адеми, не сакав да зборувам за тоа, не знам дали ќе ми се налути“ за ова, но ќе кажам дека тој порано велеше дека е повреден за да може Перо Сучиќ да игра. Тој “глумеше“ повреда само да Сучиќ има поголема минутажа. Бидејќи препозна каков потенцијал е тоа. Тоа е капитенот. Тие играчи од таа “пушачка соба“… Не толку одамна некои рекоа како оние ќе го вознемируваат Марио Ковачевиќ, а јас гарантирам со мојот живот дека тие играчи ќе му помогнаа повеќе отколку што можеше да замисли. Аки, Риле (н.з. Стефан Ристовски), Бруно, Пјаца… Аки имаше моќ да прави што сака. И тоа затоа што сите знаеја дека тој никогаш нема да направи ништо против Динамо.“ посочи Периќ.

ПретходноНе е Реал: Халанд веќе го одбра клубот каде ќе прави трансфер?!
СледноЦ.Звезда со четврта победа во низа, Пао не е непобедлив!