Големото дерби Шкендија – Вардар ќе се игра на 24 октомври во Гостивар

0

Викендов во домашниот ПМФЛ шампионат на програмата е 10. коло, но од страна Фудбалската Федерација на Македонија се објавени детали околу мечот кој што се игра во фазата која што следува потоа.

Поточно, се работи за големото дерби помеѓу Шкендија и Вардар кое што е закажано во рамките од 11. коло од ПМФЛ.

Мечот се игра на 24 октомври (сабота), во 14:00 часот на стадионот во Гостивар. Шкендија првично и го пријави овој терен како домашен со оглед на градежните работи на Градскиот стадион во Тетово, но потоа ФФМ се појави како опција за нив во првите неколку кола.

 

 

 

 

ПретходноРеал Мадрид оди на сигурно: Белингам ќе биде „Крал“ до 2031 година