Екипата на Црвена Звезда синоќа во рамките од новото коло од Лигата на Конференции, одигра дуел на гостувањето кај Лугано во Швајцарија. Поразот од 3:2, доста несреќен, со досуден и реализиран пенал за противникот во послендите моменти од дуелот.
По мечот, илјадниците навивачи на Звезда на трибините мораше да бидат поздравени, а нашиот Матеј Гаштаров кој одигра цел натпревар пронајде нашинци кои што едвај чекаа да го поздрават.
Македонскиот репрезентативец во право време со прав потег. Го соблече дресот и му го подари на најмладиот веројатно навивач на трибините кој што патем имаше дрес на Македонија на себе… секоја чест.










