ФФМ: Дисциплински постапки против Башкими, Муарем Муарем и Дурим Хида

151

Пред стартот на новото, во случајов десетто коло од ПМФЛ шампионатот, заседаваше Дисциплинската комисија при Фудбалската Федерација на Македонија.

Истата изрече серија на мерки, со кои што се поведува дисциплинска постапка, а повеќето од нив се поврзани со ФК Башкими.

Конкретно, опфатен е клубот поради слаба организација на мечот од минатата сесија, на домашен терен против тимот на Струга Трим Лум, како и тренерот Муарем Муарем односно претставникот Дурим Хида.

Поведените дисциплински постапки ви ги пренесуваме во целост:

-Против ФК Башкими поради слаба организација на натпреварот од 9. коло во Прва МФЛ, меѓу ФК Башкими и ФК Струга Трим Лум.

-Против Муарем Муарем поради неовластено присуство во техничката зона за време на истиот натпревар.

-Против Дурим Хида поради попречување на официјални претставници на гостинската екипа при влез во службените простории на истиот натпревар.

Изречени дисциплински казни

-Ендрит Рустеми (ФК Шкупи 1927 АД) – забрана за настап на 1 натпревар.
-Стефан Бабунски (ФК Детонит) – забрана за настап на 1 натпревар.
-Трајче Ников (ФК Кожуф) – забрана за настап на 1 натпревар.
-Христијан Торнески (ФК Новаци) – забрана за настап на 1 натпревар.
-Ромео Кочоски (тренер на ФК Охрид) – забрана за вршење функција во траење од 1 месец.
-Валентин Кочоски (ФК Охрид) – забрана за настап на 2 натпревари.

ПретходноГаштаров ги пронајде „нашинците“ на трибини и им подари дрес (ВИДЕО)
СледноФудбалската федерација потврди: Казната за Винициус останува и тој нема да игра на Ел Класико