Македонија без една од најдобрите на ЕП: Ангела Јанкуловска со тешка повреда на коленото!

1
ФОТО:.facebook.com/hcdacofficial/

И дефинитивно нашата женска ракометна репрезентација ќе настапи на претстојното ЕП без Ангела Јанкуловска, која важи за една од клучните ракометарки во составот на селекторот Игор Марковиќ. Попладнево нејзниот клуб Дунајска Стреда и официјално потврди дека македонската репрезентативка се здобоила со тешка повреда на коленото:

“Ангела Јанкуловска, нашата ракометарка која игра со лева рака, а која се здоби со повреда на коленото за време на реванш натпреварот на домашен терен против Салерно во Европскиот куп на ЕХФ, успешно беше оперирана на одделот за ортопедија во болницата во Дунајска Стреда.
За време на зафатот, извршена е реконструкција на лигаментот што го стабилизира зглобот на коленото. Анџи ќе го помине викендот во болница, а во понеделник започнува нејзината рехабилитација и долгиот процес на закрепнување.
За жал, по вакви повреди, враќањето на теренот обично трае од 7 до 9 месеци, па така Анџи повторно ќе ја видиме во дресот на нашиот тим дури следната сезона“ о
бјавија од Дунајска Стреда.

ПретходноОфицијално: Зекирија Рамадани на клупата на Гњилане! (ФОТО)