Младинска ЛШ: Познати се термините за двомечот Брера – Хофенхајм

3
фото:facebook.com/fkakademijapandev/

Откако младинците на Брера испишаа историја и станаа првиот клуб од Македонија кој минал едно коло во квалификациите во младинската Лига на Шампионите, по оние вкупни 11:0 против Санта Колома, следниот предизвик е Хофенхајм.

Струмичани ќе одиграат двомеч со овој германски клуб во рамките на 2.квалификациско коло во ова натпреварување. Познати се и термините.

Првиот меч Брера ќе го игра како домаќин на 28 октомври, а реваншот се игра на 4 ноември.

Секако дека на младите струмичани им поскуваме да одиграат квалитетно и да покажат дека и во Македонија се игра добар фудбал.

Победникот од двомечот со германскиот тим во следната рунда ќе ги одмери силите против подобриот од двомечот ПАОК – Зрињски. Тој двомеч од третата квалификациска рунда во младинската Лига на Шампионите е закажан за 25 ноември и 9 декември.

ПретходноМакедонија без една од најдобрите на ЕП: Ангела Јанкуловска со тешка повреда на коленото!