Реал Мадрид оди на сигурно: Белингам ќе биде „Крал“ до 2031 година

50

Џуд Белингам нема да си замине од Мадрид уште долго време. Поточно, англичанецот ќе потпише нов договор со „Кралевите“ кои што ќе го обврзе да остане на Сантијаго Бернабе до 2031 година.

Оваа информација денеска ја пренесуваат медиумите во Шпанија, со дополнение дека во клубот се задоволни од Белингам и од неговиот статус во тимот, па немаат намера истиот да го менуваат.

Белингам се приклучи на мадридскиот клуб во летото 2023 година од Борусија Дортмунд, потпишувајќи договор до крајот на сезоната 2028-2029.

ПретходноАморим: Луѓето обрнуваат внимание само на конечниот резултат
СледноГолемото дерби Шкендија – Вардар ќе се игра на 24 октомври во Гостивар