Македонскиот каратист, Марко Џорлев на Светското првенство за кадети, јуниори и У-21 во Бјeлско Бјала, Полска оствари историски успех освојувајќи го златниот медал. Со што се закити со титулата светски шампион.
Со победата над Адам Ваги од Унгарија во финалето со 4:1, Џорлев го оствари еден од најголемите успеси во историјата на македонското карате.
Штипјанецот претходно ги елиминираше: Алехандро Перез (Куба) , Хозе Андрес Гарсија (Гвајана), Леонс Акоповс (Латвија) и Јан Мата (Панама).
Џорлев годинава го освои златниот медал во Светската младинска лига во Пореч и сега е лидер на ранг-листата на ВКФ. Утре Реџеп Рушити (-84 кг) во У-21 ќе се бори за бронзениот медал.На СП ќе настапуваат 2022 каратисти со 1970 натпреварувачки влезови од 114 држави.









