ПМФЛ полувреме: Струга ТЛ „гази“ на Чаир

70

Денеска стартува новото 10. коло од ПМФЛ шампионатот, а како појдовен дуел од 12:00 часот стартуваше мечот помеѓу екипите на Шкендија Арачиново и Струга ТЛ на Чаир во Скопје.

Моменталниот резултат на полувреме е 0:2, во меч во кој засега гледаме само еден противник.

Струга ТЛ доминира на овој меч, а поведе со прекрасниот гол на Бесмир Бојку кој што начека еден отпадот на работ на шеснаесетникот и „распали“ по топката.

Црвениот картон за домаќините во 26. минута дополнително ја влоши ситуацијата кога е во прашање Шкендија Арачиново, за да во 28. минута Радески реализираше удар од единаесет метри. Мартин Тодоров прерано го заврши мечот.

Гостите имаа уште две три реални ситуации за трет гол но истите не ги искористија.

 

ПретходноДали Арбелоа ќе го „преживее“ натпреварот против Хал?
СледноСкандал во Бешикташ: Алимпијевиќ го испрати Турчинот во соблекувалната (ВИДЕО)