Атлетико со минимален триумф кај Еспањол

29

Со голот на Баена во 89. минута од мечот, тимот на Атлетико Мадрид дојде до исклучително значаен триумф на гостувањето кај Еспањол. Конечните 0:1, се производ на борбена игра во текот на целиот меч од страна на двете екипи, а сепак, гостите ја имаа таа среќа да реализираат на секунди пред последниот свиреж на судијата.

Атлетико со овој триумф стигна до котата 22 на табелата, со што има два поени помалку од лидерот Барселона, која што пак има и меч помалку кој што го игра денеска против Бетис на гости.

 

ПретходноШкендија Арачиново: Главниот судија Влатко Илиоски на капитенот Бесир Демири му рече „мајмун неписмен“
СледноРаботнички рутински против Шкупи, Охрид триумфално во Ѓорче Петров