Денеска на програмата беше и новото коло од ВМФЛ конкуренцијата, во која што екипата на Работнички на свој терен на стадионот Борис Трајковски извојува победа од 4:0 против Шкупи.
На спроти тоа, на другата страна од главниот град во Ѓорче Петров, домашната Македонија загуби од Охрид со 0:2.
Тетекс пак на свој терен во Тетово обезбеди три бода против Детонит со 2:0, додека пак Еуромилк Горно Лисиче во дуелот со Новаци не успеа да погоди и мечот заврши 0:0.
Вечерва во Битола под рефлектори се игра дуелот помеѓу Пелистер и Осогово.










