Шкендија Арачиново: Главниот судија Влатко Илиоски на капитенот Бесир Демири му рече „мајмун неписмен“

318

Екипата на Шкендија Арачиново по денешниот меч одигран во рамките од десеттото коло од ПМФЛ шампионатот на домашен терен против екипата на Струга ТЛ има сериозни забелешки за однесувањето на главниот судија на овој меч Влатко Илиоски.

Според арачиновци, во поразот од 0:2, Илиоски се однесувал крајно непрофесионално и на капитенот на домашните, Бесир Демири, во еден момент од мечот му се обратил со погрдните зборови, „мајмун неписмен“….

Па така, предмалку од Шкендија Арачиново излегоа со соопштение кое се однесува директно кон Фудбалската Федерација на Македонија, и во кое јавно се осудува однесувањето на Илиоски, и се бара негово санкционирање.

ПретходноВардар триумфално низ Штип, Николов реализира против „својата“ Брегалница (ВИДЕО)
СледноАтлетико со минимален триумф кај Еспањол