ПМФЛ: Магија на Ефтимов, Силекс конечно победи! (ВИДЕО)

93
ФОТО:facebook.com/fcsileks/

Башкими – Силекс 0:3, победа на кратовци по повеќе од два месеци, по шест меча без триумф, но веднаш да кажеме дека Кристијан Ефтимов постигна спектакуларен, магичен, фантастичен гол за 0:2 за Силекс во таа 48.минута. Ова ремек – дело ќе се памети. Дали го имаме голот на сезоната?

Во меч од 10.коло рано попладнево во Куманово во соседското дерби, Силекс успеа да слави кај Башкими со 0:3. Конечно, конечно…

Секако дека по овој триумф четата на стратегот Александар Васоски ќе се здобие со самодоверба, ќе го тргне притисокот од себе.

Силекс беше подобар, одигра како што треба, а Башкими не успеа да ја повтори играта од минатото коло кога славеше со Струга ТЛ со 2:1.

Кратовци успеаја да поведат уште во 13.минута со голот на Шеро, имаше шанси прку Хасукиќ и Манојлов за поубедливо водство, но на пауза се замина со тие 0:1.

Веќе во 48.минута Ефтимов “бомбардираше“ за 0:2, откако од лево успеа со супер – мајсторија да го совлада Алиу.

Во 75.минута Рибеиро погоди за 1:2, но по ВАР реакцијата, истиот беше поништен. Затоа Мишов во 90+2.минута стрелаше за конечни 0:3.

Со овие три бода Силекс сега има 13 и е на 6. место на табелата, додека Башкими со овој пораз и натаму е во опасната зона, со само 7 бода е претпоследен.

ПретходноПелистер посакува да го сопре Работнички – бара помош од фановите!
СледноПобеднички старт за ШК Алкалоид во Лигата на шампионите