Стигна потврда – Мартинез мора на операција

362

Емилијано Мартинез доживеа тежок судир на натпреварот меѓу Евертон и Челси, по што беше изнесен од теренот, но по сè што се случи, е во свесна состојба.

Како што пренесе аргентинскиот новинар Гастон Едул, резултатите од скенерот на главата, како и прегледите на грбот и вратот, биле уредни.

Сепак, утврдена е повреда на коската на вилицата, поради што аргентинскиот голман е задржан во болница и ќе мора да биде подложен на хируршка интервенција. Засега не е познато колку време ќе отсуствува од терените.

Овие информации носат олеснување по непријатните сцени од второто полувреме. Мартинез при слободен удар за Евертон се судри со Брантвајт, при што доби удар во главата и остана да лежи на тревникот.

Додека дефанзивецот на домашниот тим успеа да стане по околу три минути, на голманот на Челси му беше укажувана помош значително подолго. Прекинот траеше околу десет минути, а Мартинез беше изнесен на носилки, со заштитна крагна околу вратот.

ПретходноОд Шкендија Арачиново велат дека нема да трпат неправди! (ФОТО)
СледноКратовци заборавија кога последен пат победиле!