Голем пад на АТП-листата: Ѓоковиќ повторно испадна од ТОП 10!

108
ФОТО:facebook.com/AustralianOpen
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ на најновата АТП-листа се наоѓа на 12. место со 3.090 поени. Во однос на претходната недела, Ѓоковиќ падна за четири позиции. Од осмото место назадуваше по поразот во второто коло на Мастерсот во Шангај од Полјакот Хуберт Хуркач.

Ѓоковиќ до крајот на сезоната ќе има можност да го подобри својот пласман. Една од целите би можел да му биде и настапот на Завршниот мастерс во Торино, а пред него се турнирите во Базел и Мастерсот во Париз.

На врвот на АТП-листата се наоѓа Јаник Синер, додека Александер Зверев е на втората, а Карлос Алкараз на третата позиција.

Меѓу најдобрите десет се и Бен Шелтон, Данил Медведев, Флавио Коболи, Феликс Оже-Алијасим, Алекс де Минор, Френсис Тијафо и Артур Фис.

До крајот на годината, Ѓоковиќ го очекува важен период во кој ќе се обиде да ја подобри својата позиција на АТП-листата и да остане во трката за настап на завршниот турнир во сезоната.

ПретходноХанси Флик не можеше да добие полоши вести пред Париз: Жесток удар за Каталонците
СледноТамба ги освои срцата на малите фанови на Скопје – ова е вистинската страна на фудбалот!