Екипата на РК Вардар стигна до уште една победа во домашниот ракометен шампионат, откако попладнево на свој терен беше подобар од екипата на РК Бутел со конечно 38:30.
Мечот го одбележаа двата домашни ракометари кои постигнаа 23. од 38. голови во противничката мрежа.
Матео Фадуил со 14 гола и Урош Митровиќ со девет погодоци, го предводеа „црвено – црниот“ состав денеска во дуел во кој што едноставно беа несопирливи за противникот.
Вардар на овој меч едноставно имаше повеќе енергија, подобар напад, поцвртса одбрана и знаеше како да ја искористи улогата на фаворит.










