Секоја чест: Пеп Гвардиола испрати моќна порака! (ВИДЕО)

0
ФОТО: Manchester City/FB

И дефинитивно Пеп Гвардиола е човечка величина. Имено поранешниот тренер на Манчестер Сити испрати жестока порака за Газа.
Видеото беше објавено вчера од UNRWA España.
Станува збор за шпанска организација која ја поддржува Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци.
„Тие не се мртви, тие беа убиени. Тие не се само броеви. Тие се животи кои имаа име, лице и семејство. Тие имаа соништа и сеќавања. Тие не се само колатерална штета. Тоа се девојчиња и момчиња.“ посочи Пеп.

Гвардиола рече дека ги гледаме девојчињата и момчињата како ги бараат своите родители меѓу урнатините.
„Ги гледаме како губат сè пред да можат да пораснат. Нивните животи се вредни како и нашите. Нивната болка не ни е непозната. Не можете да го заборавите тоа.“
Пеп Гврадиола, исто така, упати многу сериозни обвинувања.
„До денес, израелската влада уби повеќе од 74.000 луѓе во Газа и продолжува да го попречува влезот на хуманитарна помош.“
Тој говореше за некои други работи, и на крајот испрати јасна порака.
„Продолжете да зборувате за Палестина. Продолжете да го браните човештвото од рамнодушноста.Доколку можете, ве молам поддржете ја UNRWA за да можеме да продолжиме да им пружаме помош на оние на кои им е најпотребна.“

ПретходноЕве како легендарниот Ѓорѓевиќ ги поддржа студентите за претстојните избори во Србија: “Три секунди пред крај…“!(ФОТО)