Тиквеш на гости кај Арсими оди по трите бода

21

Денеска со мечот Арсими – Тиквеш, почеток од 14 часот, се затвора 10.коло во тековната сезона во ПМФЛ. Секако дека ќе биде и тоа како интересно, ако се знае дека и двете екипи си имаат свои амбиции. Домашниот состав сака со победа да побегне од опасната зона, додека Тиквеш сака три бода со кои и дефинитивно ќе им се приклучи на трите водечки екипи во битката за титулата. Интересно, кавадарчани сезонава не само што играат најатрактивен фудбал во ПМФЛ, туку само еднаш се поразени и тоа од Шкендија Арачиново дома со 0:1 на 15 август. Отогаш одиграа шест меча и успеале да слават против Шкендија Тетово и тоа на гости, а со Вардар и Струга ТЛ ремизираа.

Тимот на стратегот Оливер Богатинов е вистинско освежување во лигата. Иако во составот претежно се странци, Богатинов успеа да вкомпонира тим кој знае што сака, тим кој против секого игра своја игра, на гол повеќе, и против секого оди на победа и три бода. Така ќе биде и денеска во Гостивар против Арсими.

Од друга страна тимот на Чегране на последните три меча се покажа во различно издание. Прво ремизираше со Шкендија (Т), потоа доживеа катастрофа во Струга со 6:0, за да потоа ремизираше со силекс. Само два бода се освоени од можни девет.

Уште еднаш, денес во Гостивар од 14 часот во последниот меч од 10 коло на мегдан Арсими и Тиквеш. Главен судија ќе биде Крумислав Ѓорѓиев.

ПретходноМарковиќ денеска прозива, ЕХФ ја најави Македонија (ВИДЕО)
СледноВардар 1961 против „својот“ Стоилов во невообичаен термин