Распоред за 11.коло во ПМФЛ: Мега – дербито в сабота во Гостивар, Струга ТЛ со Скопје во “утрински“ термин

152
ФОТО:FFM.MK

Од петок до недела на програмата се сите натпревари од 11.коло. Мега – дербито меѓу Шкендија и Вардар е закажано за в сабота во Гостивар од 14 часот.

Колото стартува во петок со натпреварот Силекс – Шкендија Арачиново, додека во сабота во “утрински“ термин од 12 часот играат и Струга ТЛ – Скопје.

Во Гостивар ова коло се играат два меча. Покрај саботниот спектакл, во недела се игра и мечот меѓу Арсими и Брегалница, како и дуелот Тиквеш – Башкими.

РАСПОРЕД ЗА 11.КОЛО ВО ПМФЛ

ПЕТОК (23.10.2026)

Кратово: Силекс – Шкендија Арачиново (14 ч)

САБОТА (24.20.2026)

Струга: Струга ТЛ – Скопје (12 ч)

Гостивар: Шкендија – Вардар (14 ч)

НЕДЕЛА (25.10.2026)

Гостивар:Арсими – Брегалница (12 ч)

Кавадарци: Тиквеш – Башкими (14 ч)

ПретходноЕвропски куп во шах: „Фармацевтите“ вратија со иста мера, Мулти Есенс до нов триумф
СледноСтартува 81.сезона во НБА: Јокиќ, Дончиќ, Њујорк, Оклахома…