Големината на еден тим се гледа во тоа да по пораз и по лоша игра, веднаш реагира и не само што ќе победи на еден од најтешките терени, кај Шкендија (А) на Чаир, туку тоа да го направи со стил. Така и со Струга ТЛ. Откако стружани загубија од Башкими во 9.коло на гости, веднаш реагираа и славеа во саботата како гости кај тимот од Арачиново со 0:2. Тоа беше нивна прва гостинска победа и веројатно еден од најдобрите настапи на тимот оваа сезона.
Секако дека за тоа своја заслуга и тоа како има стратегот Бледи Шкемби, кој знаеше што треба да се направи против ривалот. Максимално беше “скенирана“ играта на арачиновци, знаеше како да ги мотивира своите играчи и потоа беше се на нив. А тие одиграа маестрално, посебно во првото полувреме кога и ги постигнаа тие два гола преку Бојку и Радески.
Затоа немаше дилеми кај нас токму Бледи Шкемби да биде прогласен за тренер на ова 10.коло.
Апсолутно заслужено.















