Официјално: Гаштаров во Ц.Звезда до 2031!

174

Она што се најавуваше, од денеска е и официјално. Младиот играч за врска и актуелен репрезентативец на Македонија, Матеј Гаштаров го продолжи договорот со Црвена Звезда до 2031. Тоа значи дека Македонецот ќе биде дел од некогашниот европски првак најмалку уште пет години, се разбира ако во меѓувреме не направи трансфер а секако дека од ден на ден таа шанса и тоа како се зголемува.

А еве како од таборот на Ц.Звезда го претставија Македонецот:

“Матеј Гаштаров е роден на 15 ноември 2006 година во Скопјe. Својата фудбалска кариера ја започна во младинските категории на „Вардар“, а во август 2024 година пристигна во „Маракана“. Гаштаров игра како дефанзивен играч од средниот ред, а се одликува со квалитетен шут од далечина, голем радиус на движење, прецизно додавање, одличен преглед на играта и изразен борбен дух на теренот“.

ПретходноЕХФ направи нов ранкинг: Пелистер го смести на 15-тото место!
СледноСкандал: Уапсен претседателот на грчката федерација!