Тренерот на Нант призна: Ова е најлошата вечер што ја имам доживеано во последните пет години!

283
Фото: Нант/Фејсбук

Вардар приреди големо изненадување на гостувањето кај Нант и уште еднаш покажа дека може да се носи со силни европски противници, славеше со 27-33.

По натпреварот, разочарувањето кај домаќините беше огромно, а најдобро го отслика реакцијата на тренерот Грегори Кожан, кој не го криеше незадоволството од играта на својот тим.

„Ова е најлошата вечер што сум ја доживеал во последните пет години, ако не и подолго. Веќе неколку натпревари се мачиме во ситуациите „еден на еден“ против голманот. Создаваме шанси, но не успеваме да постигнеме гол. Бевме казнети за тоа, ја изгубивме самодовербата и вечерва беше навистина тешко. Во одбраната ситуацијата не беше многу подобра. Премногу сме нестабилни во играта.“, призна стратегот на Нант.

Францускиот тим за пласман во главната рунда сега чека на денешниот исход од дуелот помеѓу Мелсунген и Висла Плоцк. Доколку полскиот тим победи во тој случај Наант ќе успее да го продолжи патот.

ПретходноХаос во Јунајтед, нема враќање назад: Керик брутално му одговори на Бруно Фернандеш
СледноИ тренерот на Вардар со поддршка за студентите во Србија!(ФОТО)