Вечерва неколку наши репрезентативци ги чека настап за своите клубови во натпреварите од Лигата на Европа и Лигата на Конференции.
Секако дека најинтересно би требало да биде во Амстердам каде Елиф Елмас заедно со својата Аталанта му гостува на Ајакс. Се очекува Дијамантот да биде во стартниот состав во тимот од Бергамо. Натпреварот е закажан за 21 часот.
Во 16.30 часот кај Каират гостува Панатинакос со Елмин Растодер.
Матеј Гаштаров би требало да биде стартер во составот на Ц.Звезда вечерва на “Маракана“ во Белград против составот на Копенхаген.
Овој меч е закажан за 18.45 часот. Во исто време Езѓан Алиоски со својут Лугано гостува кај Хетафе.
Борац Бања Лука на Себастијан Херера и Дамјан Шишковски игра дома со КуПС од 21 часот. Во исто време Висар Муслиу со Ст.Труден гостува кај Митјиланд.
Ова се мечеви од Лигата на Конференции, додека во Лигата на Европа стоперот на Никола Серафимов со Левски од 21 часот игра на гости со Плзен.










