ЛЕ: Милан убедливо поразен, Левски на Серафимов со прва победа

1

Англиски Борнмут славеше со 3:0 против Милан во еден од најинтересните вечерни натпревари Лигата на Европа. „Црешите“ славеа на домашен терен на „Виталити“ во натпревар во кој Џастин Клајверт го отвори резултатот од пенал во осмата минута, а Маркус Таверниер во 32-рата минута удвои, исто така од белата точка. Милан остана со десет играчи уште во 27-мата минута, откако голманот Мајк Мањан доби црвен картон. „Росонерите“ не успеаја да се вратат во натпреварот, а Борнмут во финишот го заокружи убедливиот триумф со голот на Адли.

Левски на нашиот Серафимов изненади во Чешка победувајќи ја Викторија Плзен со 2:1. За бугарскиот тим ова беше прва победа во натпреварувањето.

Бешикташ и Кристал Палас одиграа нерешено 2:2 на „Тупраш“. Вилфред Ндиди во 45+2 минута го доведе Бешикташ во водство, но Јереми Пино во 51-вата минута изедначи, а Жан-Филип Матета во 55-тата минута го донесе Палас во водство. „Црно-белите“, сепак, успеаја да стигнат до израмнувачки гол во завршницата и да си заминат со бод. Со ремито, Бешикташ остана непоразен во Лига фазата.

  • Борнмут – Милан  3-0

  • Бешикташ – Кристал Палас  2-2

  • Селтик – Селта Виго  1-2 

  • Викторија Пилзен – Левски  1-2

  • Јагелонија – Андерлехт  0-3

  • Лилестрем – Реал Сосиедад  0-6

  • НК Целје – РБ Салцбург 2-2

  • Олимпијакос – Спарта Прага  1-0

  • Омонија – Бенфика  1-4

  • Хофенхајм – Олимпик Лион  3-0

ПретходноГрчката полиција заплени 931.000 евра во истрага за наместени кошаркарски натпревари