Мелсунген направи метеж на врвот, Хориха и Пик Сегед завршија со ЛШ

129

Мелсунген славеше со 28:26 против Висла Плоцк во петтото коло од Лигата на шампионите на ЕХФ, со што Вардар 1961 остана без математичка можност да се пласира во Европската лига.

Германскиот тим влезе на пауза со минимална предност од 15:14, а во второто полувреме успеа да ја задржи контролата и да ја сочува предноста од два до три гола до крајот. Најефикасни кај Мелсунген беа Ерик Баленсиага и Арон Ханс Менсинг со по шест голови, додека кај Висла Плоцк Бјере и Косоротов постигнаа по четири.

Пик Сегед на новопечениот македонскиот репрезентативец Дмитро Хориха ремизираше 33:33 против ГОГ Гудме и, како и Вардар, остана без шанси за место во елиминациската фаза, па ќе продолжи во Европската лига.

Претходно“Денеска во ЛШ можат да играат и Курто и Мурто!“
СледноГрчката полиција заплени 931.000 евра во истрага за наместени кошаркарски натпревари