Лука Станковски со гол-првенец за победа на Колос (ВИДЕО)

77
фото: FC Kolos Kovalivka (FB)

Лука Станковски го постигна својот прв гол во дресот на Колос Коваливка и стави печат на гостинската победа од 2:0 над Верес Ривне на денешниот натпрфевар од  украинската Премиер-лига.

Македонскиот репрезентативец се запиша во листата на стрелците во 53. минута, кога по одличното додавање од Антон Салабај излезе сам пред противничкиот голман и сигурно ја реализираше шансата за водство од 2:0.

За Станковски ова е првенец во украинскиот шампионат во дресот на Колос, а погодокот доаѓа во важен момент за неговиот тим, кој со триумфот на гостувањето во Ривне освои значајни бодови.

ПретходноГРК Охрид доминантно на првата пресметка со Спорт Тото
СледноПрва радост за Мојсов во Србија, Земун победи против Мачва