Мајкл Керик: Никој не е над Манчестер Јунајтед

135

Резултатскиот и играчки ужас кој што му се случи на тимот на Манчестер Јунајтед на гостувањето од Лигата на Шампионите кај Комо и поразот од 4:1 очигледно ќе предизвика сериозни последици. Во клубот „врие“, се најавува и отакз за менаџерот Мајкл Керик, а тој пак денеска на прес конференција си ја отвори душата што се вели и се обрати нанјавноста со неколкуминутен монолог.

„Денес јас ќе зборувам прв и сакам да кажам неколку работи. Како прво, во последно време не ни оди добро. Мислам дека тоа е сосема очигледно. Целосно ја прифаќам ситуацијата низ која поминуваме. Имавме пет месеци релативен успех, период во кој бев многу задоволен од она што го гледав и од она што го правевме како тим. Сепак, во последно време не сме успешни. Поминуваме низ период со кој воопшто не сум задоволен“, рече Керик.

„Средата беше лоша за нас. Беше лоша вечер од многу причини и донесе многу болка. Јасно е дека ме боли начинот на кој игравме и како се одвиваше натпреварот. И, како што кажав по натпреварот, тоа беше неприфатливо“, додаде тој.

„Како клуб мораме да одговориме и да го почитуваме фактот дека сме овде; да го почитуваме она што е неопходно за победа и она што мора да се направи кога победата е задолжителна. Ова место не ми е подарено, бидејќи никој во овој клуб нема привилегија да полага право на што било. Исто како што ниту победите не ни припаѓаат сами по себе. Низ историјата сме победувале, имаме неверојатна историја, но тоа не значи дека ќе победуваме само поради тоа. И јас сум свесен за тоа“, рече Керик.

 

 

ПретходноЦиркузант: Во 10 дена, двапати на ист начин промаши пенал (ВИДЕО)
СледноАлбанија го „украде“ голманот на Каљари