РК Алкалоид замина за Австрија каде го игра реваншот со Келаг Ферлах во Европскиот Куп на ЕХФ. На првиот натпревар избраниците на Кирил Лазаров беа доминантни и на домашен терен славеа со убедливи 31:22.
Предноста од девет гола е најава дека Алкалоид веќе широко гледа кон третото коло во ова натпреварување. Денеска ракометарите на македонскиот тим ќе го одработат и последниот тренинг пред натпреварот кој се игра утре (24.10) со почеток од 19:00 часот.
За постетување, токму Алкалоид е првиот македонски тим кој го подигна пехарот во ЕХФ Европскиот Куп. После една година пауза Лазаров и неговите момци се вратија во ова натпреварување.










