Валах правеше чуда против Нант, а сега е дел од ТОП 5 одбраните на ова коло (ВИДЕО)

1

Големата победа на тимот на Вардар во рамките од петтото коло од ракометната Лига на Шампионите против Нант на гостински терен од 27:33 е секако еден од главните настапи во ракометниот свет неделава.

Главен лик секако во големата победа на „црвено – црните“ и освојувањето на првите бодови во ЛШ сезонава е голманот Милош Валах кој што имаше серија на фантастични интервенции на овој дуел. Стигна до бројката седумнаесет одбрани против французите, а една од нив е дел од најдобрите пет на оваа рунда изрбани од страна на ЕХФ.

Првото место на оваа топ-листа му припадна на Небојша Симиќ од Мелсунген, кој што веќе следната недела пристигнува во Скопје, па секако дека очекуваме голманска битка на двата одлични чувари на мрежата.

ПретходноАлкалоид замина за Австрија по печат за третото коло во ЕХФ Европскиот Куп (ВИДЕО)