Легендата на Барселона, Лионел Меси, беше награден со спортското признание на денешната церемонија за доделување на наградите „Принцезата од Астурија 2026“. Аргентинецот се врати во Шпанија токму за да го прими признанието на специјалниот настан во Овиедо.
Организаторите на церемонијата соопштија дека одлучиле да го наградат Меси „затоа што е фудбалерот со најмногу освоени титули во историјата на фудбалот, поради неговата извонредна спортска кариера и восхитувачкиот талент, поради неговата долгогодишна хуманитарна работа за унапредување на пристапот до образование и здравствена заштита за децата во најтешка положба, како и поради заслужената почит и восхит што ги ужива кај сите за својата истрајност, скромност и посветеност на спортот“.
Шпанската принцеза Леонор лично му го врачи признанието на 39-годишниот фудбалер, проследена со бурни аплаузи од присутните во салата, кои станаа на нозе.
„Ако во историјата на човечката несовршеност некогаш имало моменти во кои сме доживеале силни емоции во ист ритам, тогаш тоа било благодарение на спортските достигнувања. Не знам дали постои друг феномен што може да предизвика такво универзално чувство – еден единствен миг, голот што сите го очекуваат, кој обединува сè.
Затоа денес е соодветно да го насочиме вниманието кон Меси и неговата неповторлива кариера. Еден поранешен играч на Спортинг прекрасно го опиша аргентинскиот фудбалер: ‘Тој го претвори исклучителното во рутина, ја чита играта и го избира најефикасниот потег за десетинки од секундата, а притоа го става колективот пред сопственото его’“, објасни шпанската престолонаследничка зошто Меси бил избран за добитник на наградата.
“No sé si existe otro fenómeno capaz de generar ese sentimiento universal”
Así hablaba la princesa de Asturias, Leonor, sobre Leo Messi durante su discurso en los #PremiosPrincesadeAsturias.
⭕https://t.co/4jI9p4WIvs https://t.co/cnQF14dcIO
— RTVE (@rtve) October 23, 2026
Во вчерашното интервју за ЕФЕ, Меси откри што значи ова признание за него и за неговиот неодамна починат татко Хорхе.
„Татко ми беше многу возбуден поради оваа награда. Знаевме дека ќе биде тешко да дојдам поради распоредот на натпревари, но тој навистина инсистираше да дојдам, да ги поминам овие денови тука и да ја примам наградата. Ова признание е надвор од она што го правиш на теренот или од она што сум го постигнал во кариерата. Искрено, тој беше многу среќен поради ова признание и затоа сум убеден дека и сега ужива во него“, изјави осумкратниот освојувач на „Златната топка“.
Веднаш по завршувањето на церемонијата, капитенот на Интер Мајами се упати кон локалниот аеродром за да фати лет за САД, бидејќи уште во сабота го очекува гостување кај Њујорк Ред Булс во натпревар од МЛС-лигата.
Во меѓувреме, од Барселона ѝ честитаа на својата легенда за добиеното признание со објава на социјалните мрежи.
„Сосема заслужено признание за твојот извонреден талент, кој остави траен белег на теренот и надвор од него, правејќи те пример во светскиот фудбал со својата мајсторија, посветеност на спортот и солидарност. Имаш зад себе исклучителна кариера во која Барселона беше клучен дел од твојот живот и историја. Незаборавна врска што е дел од наследството на клубот и на која твојот придонес секогаш ќе биде причина за гордост“, напишаа од каталонскиот клуб.
Congratulations Leo Messi for the 2026 Princess of Asturias Award for Sports.
Richly deserved recognition for your outstanding talent, which has left a lasting impact both on and off the pitch, making you a benchmark in world football due to your excellence, commitment to sport and solidarity.
A highly successful career during which FC Barcelona was a key part of your life and story. An inseparable bond that forms part of the Club’s legacy and for which your involvement will always be a source of pride.
📸 @fpa
— FC Barcelona (@FCBarcelona) October 23, 2026










