Тоа е Илија Несторовски и неговиот темперамент. Имено вечерва во “македонското дерби во ХНЛ меѓу Вараждин на Марио Младеновски и неговиот Славен Белупо, шоу на Илија Несторовски.
Имено прво домашните поведоа со гол во 6.минута, за да потоа Несторовски со две асистенции во 66. и 70.минута им овозможи на своите соиграчи Митровиќ и Бановец да стрелаат за 1:2, за пресврт и за победа.
Сепак Нестор во 79.минута доби директен црвен поради груб старт и тоа пред домашниот шеснаесетник и не го доигра мечот, но сепак на крајот неговиот тим победи и освои три големи бода.










