Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Гоце Седлоски во живо го следи големото дерби помеѓу Шкендија и Вардар кое што се игра во Гостивар во рамките од единаесеттото коло од ПМФЛ шампионатот.
Заедно со своите помошници, Зоран Бошковски и Еркан Селими, селекторот секако дека ја следи играта и формата на своите избраници Мелиќи, Омерагиќ, Николов, но и на оние кои што потенцијално би се нашле на неговиот список.
Македонија сеуште има да ја доигра актуелната Лига на Нации, Б дивизија, во која што ги имаме уште дуелите против Шкотска на гости односно Словенија во Скопје.















