Лејкерс ги победија Клиперс, Дончиќ загуби дури 11 топки (ВИДЕО)

30
фото: FanDuel Sportsbook (X)

Лос Анџеклес Лејкерс ги победија ЛА Клиперс со 125:117 во градското дерби и ја забележаа втората победа во вториот натпревар од новата НБА-сезона. Најефикасен во победничкиот тим беше Остин Ривс со 28 поени, два скока и девет асистенции, додека Лука Дончиќ постигна 23 поени, шест скока и седум асистенции. Словенечкиот кошаркар, сепак, имаше дури 11 загубени топки.

Дончиќ од игра шутираше 8/21, вклучувајќи 2/8 за три поени, а од линијата за слободни фрлања погоди пет од седумте обиди. Покрај Ривс и Дончиќ, се истакна и Вокер Кеслер со 22 поени, осум скока и дури шест блокади. Кај Клиперс најефикасен беше Дариус Гарланд со 26 поени и шест асистенции, но и девет загубени топки. Брук Лопез додаде 22 поени.

Лејкерс го решија прашањето на победникот во третата четвртина

Клиперс подобро го отворија натпреварот и ја добија првата четвртина со 31:27. Лејкерс во вториот период ја надоместија негативата, па на полувремето се замина со нерешени 64:64.

Одлучувачка беше третата четвртина, во која Лејкерс постигнаа 39 поени, а примија 26, па во последните 12 минути влегоа со предност од 103:90. Клиперс во финишот ја намалија негативата, но не успеаја да направат пресврт.

Лејкерс стигнаа до победата и покрај послабата напаѓачка вечер на Дончиќ и големиот број загубени топки. Ривс беше прв стрелец на тимот, додека Кеслер, покрај ефикасноста во нападот, имаше исклучително важна улога и во одбраната.

Тимот од Лос Анџелес ја отвори сезоната со победа над Голден Стејт Вориорс од 127:105, па по две кола има максимален ефект. За Клиперс ова е прв пораз, откако на премиерата го совладаа Сакраменто Кингс со 121:96.

Бостон Селтикс – Њујорк Никс 107:103

Шарлот Хорнетс – Атланта Хокс 81:128

Индијана Пејсерс – Далас Маверикс 105:121

Орландо Меџик – Минесота Тимбервулвс 93:115

Вашингтон Визардс – Торонто Репторс 102:112

Мајами Хит – Детроит Пистонс 111:128

Сан Антонио Спарс – Хјустон Рокетс 110:114

Јута Џез – Њу Орлеанс Пеликанс 120:119

Голден Стејт Вориорс – Мемфис Гризлис 108:111

ЛА Лејкерс – ЛА Клиперс 125:117

Сакраменто Кингс – Портланд Трејл Блејзерс 120:128

ПретходноИпсвич и Нотингем ги поделија бодовите на стартот од осмото коло од ПЛ