Нестор прво со две асистенции за победа на Славен Белупо, а потоа доби директен црвен!

48
фото: NK Slaven Belupo (FB)

Тоа е Илија Несторовски и неговиот темперамент. Имено вечерва во “македонското дерби во ХНЛ меѓу Вараждин на Марио Младеновски и неговиот Славен Белупо, шоу на Илија Несторовски.

Имено прво домашните поведоа со гол во 6.минута, за да потоа Несторовски со две асистенции во 66. и 70.минута им овозможи на своите соиграчи Митровиќ и Бановец да стрелаат за 1:2, за пресврт и за победа.

Сепак Нестор во 79.минута доби директен црвен поради груб старт и тоа пред домашниот шеснаесетник и не го доигра мечот, но сепак на крајот неговиот тим победи и освои три големи бода.

ПретходноГРК Охрид стави убедлив печат на пласманот во третото коло во ЕХФ Европскиот Куп
СледноМулти Есенс со добар настап на гостувањето кај Струга, ама во финишот доживеа минимален пораз