„Пирова“ победа: Бутел Скопје го заврши настапот во ЕХФ Европскиот Куп

0

Бутел Скопје одигра уште ден драматичен натпревар против Горца, но за жал не успеа да обезбеди пласман во следната рунда во ЕХФ Европскиот Куп. Македонскиот тим победи со 25-24 во реванш мечот од второто коло, разлика која не беше доволна за продолжување на европската авантура бидејќи во првиот меч беше поразен со три гола разлика. 

Момците на Стојанче Стоилов поведоа со 6-4, имаа и 7-5, но потоа противникот го превзема водството, на одморот резултатот беше 13-14. Иако се чинеше дека Бутел Скопје тешко ќе стигне до посакуваната негатива од три гола, сепак во тоа успеа, поведе со 23-20 во 53-тата минута, но не успеа да продолжи во ист ритам. Горица на ова одговори со четири гола, македонскиот тим постигна два и за жал тоа значеше пирова победа од 25-24.

Субашевски со седум гола беше прв стрелец кај Бутел Скопје, зад него со четири гола беше Стаменковиќ.

ПретходноМалус броеше до 11: РК Вардар го “прескокна“ и Прилеп и остана перфектен